Oбука за Психолошка прва помош во кризни ситуации за волонтери
Во периодот од 03-05.03.2017 година во тренинг центарот Солферино во Струга, во рамки на проектот за Психолошка прва помош во кризни ситуации и катастрофи,а со финансиска подршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина беше реализирана обука за Психолошка прва помош во кризни ситуации. Обуката беше реализирана во соработка со претставници на Црвениот крст на Хрватска, Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и наменета за обука на нови волонтери кои би се вклучиле во идни потреби и активности на Црвениот крст на Р Македонија.
На обуката присуствуваа 28 учесници, волонтери на Црвениот крст и претставници на Комората на психолози ( со која Црвениот крст на Р Македонија има потпишано Меморандум за соработка).
Преку реализација на оваа обука Црвениот крст на Р.Македонија имаше за цел да се зајакнат капацитетите на националното друштво во областа на Психосоцијалната и првата психолошка помош за адекватен одговор на потребите при идни кризни состојби или катастрофи
Учесниците на оваа обука имаа можност да се запознааат поблиску со активностите кои Црвениот крст на Р.Македонија ги реализира особено во услови на катастрофи и кризни ситуации, како и со основните во укажување на психолошка прва помош во кризни ситуации, запознавање со улогата и задачите на волонтерите во давање на психосоцијална поддршка и прва психолошка помош, препознавање на симптомите на траума, стрес, нарушување кај лицата во вакви ситуации, пристапот до нив, првиот контакт како и начинот на комуникација и потребните активности за нивна поддршка, како и подршката на волонтерите/помагателите и грижата за самите себе.