март 22, 2024

Одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза – 24 март 2024 година

Црвен крст на Република Северна Македонија согласно препораките на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 24 март – Светскиот ден на борба против туберкулозата (ТБ) под мотото: “Да! можеме да ставиме крај на ТБ„. На овој начин сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

            Секој ден, над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30.000 луѓе се разболуваат од оваа превентабилна и излечива болест. Туберкулозата најмногу ги погодува возрасните во најпродуктивните години. Сепак, сите возрасни групи се изложени на ризик.

Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје по повод одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза (24 март), и со цел придржување кон глобалните напори за ставање на крај на глобалната епидемија на ТБ, ќе организираат едукативни работилница за различни целни групи и ќе споделуваат постери и објави на социјалните медиуми за важноста од навремена  превенција и рана дијагностика на туберкулозата.

< врати се назад