Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ

2013-06-24

ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ

Добро развиено национално друштво е организација која постојано преку своите волонтери и вработени испорачува релевантни сервиси во земјата, на ранливи целни групи, кои се одржливи се додека се тие потребни.

Во време на брз напредок на технологијата и науката, а од друга страна и зголемениот број на катастрофи и хуманитарни предизвици, потребно е да се има современ и проактивен пристап со цел да се понуди адекватен одговор на потребите на заедниците.

Нашите развојни активности се со цел да овозможат заедниците да бидат побезбедни, поздрави и поинклузивни. Природата на нашите сервиси и активности е променлива и таа пред се зависи од локалните потреби и околности, како и локалните капацитети и можности за дејствување. Од клучна важност е националното друштво преку своите општински организации да може да ги идентификува потребите на населението и да може навреме да одговори со активности кои ќе придонесат во превенција, намалување на нивното страдање или пак брзо опоравување, притоа почитувајќи ги нивното достоинство, углед и култура.

Пристапот на Црвениот крст на Република Северна Македонија во развојот на организацијата е насочен  кон начинот на кој се развиваат и спроведуваат сервисите кон целните групи, но и начинот на кој општинските организации и Црвен крст на град Скопје се организираат и функционираат. Разновидните услуги ги градат капацитетите на заедницата со тоа што се развиваат во локален контекст имајќи ги во предвид локалните потреби и приоритети и се потпираат на локалните вештини и капацитети. Организацијата расте од овие локално одговорни услуги.

Во исто време, во организацијата се залагаме за дигитална добра поврзаност, добро управување и социјално вмрежување, и организација која може да учи од акумулираното искуство на глобалното Движење и најновите други знаења и истражувања. Црвениот крст на РСМ ќе претставува една еластична организација на променливите потреби и ранливости.

Црвениот крст на РСМ со своите сервиси ќе биде пример за развој на добро информирана и одговорна организација, како и силен партнер на јавните институции, меѓународните организации и корпоративниот сектор, која е подготвена да одговори на хуманитарните предизвици со кои се соочува државата, а истовремено и подготвена да ги поддржи активностите на другите партнерски национални друштва.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025