септември 3, 2015

ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ

На 02.09.2015, мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедуваа поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 323 лица до 17:00 часот им беше укажана прва помош и 2 се транспортирани до медицинската екипа лоцирана на Винојуг. Истотака беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 2280 шишиња вода за пиење , 32 пакети со хигиенски средства, 14 пакети со храна, 19 пакети за бебиња и млеко за бебиња. Untitled-1

< врати се назад