Подготвеност и дејство при катастрофи

ВОВЕД

Активности на планот на подготвеност и дејствување при катастрофи бележиме уште од формирањето на Црвен крст на Македонија во 1945 година.

Вистинските активности на ова поле започнуваат со осамостоувањето на Република Македонија, поточно од 1993 година кога Германскиот Црвен Крст донираше материјално технички средства за формирање и обука на Републичката единица за одговор при катастрофи.

Потребата за развој на ваква програма дојде како резултат на војната на просторите на бивша Југославија со појавата на бран на бегалци, најпрво од Босна и Херцеговина во 1995 година (55.000 бегалци), па Косовската криза во 1999 година (350.000 бегалци) и воените судири во Република Македонија во 2001 година со околу 100.000 внатрешно раселени лица.

За сето ова време редовна појава беа помали земјотреси, поплави, пожари, завеани села, лавини, сообраќајни несреќи и др., во кој активно беа вклучени вработени и волонтери на Црвениот крст на Република Македонија.

ВИЗИЈА

Подготвеност за дејствување во катастрофи, со цел да се ублажат последиците кај ранливото население од: земјотреси, поплави, пожари, лизгање на земјишта, лавини, техничко-технолошки хаварии, воени конфликти и др.

МИСИЈА

Обезбедување помош и услуги за ранливото население погодено од катастрофа, следејки ги принципите на движењето на Црвен крст, Законот за Црвен крст на РМ, Договори со Центарот за управување со кризи на РМ, Дирекција за заштита и спасување на РМ и Локалната самоуправа.

СТРУКТУРА

Комисија за подготвеност и дејствување при катастрофи (7 волонтери);

Национален координатор (1 редовно вработен);

Национална единици за одговор при катастрофи;

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Програмот за подготвеност и дејствување при катастрофи при Црвен крст на РМ е поврзан со 34 општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје и во случај на катастрофи има координативна улога.

Во склоп на одделот постои Оперативен центар со кој раководи Генералниот секретар на ЦКРМ и преку него ги координира сите активности на општинско и републичко ниво и активностите на единиците за одговор при катастрофи.

Оперативниот Центар на ЦКРМ е поврзан со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи кои како државни институции делуваат во случај на катастрофи.

Одделот соработува со Национални друштва и НВО во регионот и пошироко, со Регио-налната делегација на Црвен крст и Црвена полумесечина со седиште во Будимпешта и со делегацијата на Меѓународен Комитет во Скопје.

ЗАДАЧИ И НАДЛЕЖНОСТИ
Задачи

Задачите на одделот за подготвеност и дејствување при катастрофи се регулирани со член 19 од Законот за Црвен крст на РМ и правилници донесени од Извршниот одбор на ЦКРМ и тоа:

  • Правилник за работа на комисијата за ПДК;
  • Правилник за работа и надлежност на Оперативниот центар;
  • Правилник за формирање, функционирање улога и активирање на ЕОК;
  • Правилници за организирање курсеви за безбедност на вода и планина;
  • Правилник за униформа на членови на ЕОК.

Надлежности на одделот

  • организирано собирање на помош во случај на катастрофи;
  • дистрибуција на хуманитарна помош;
  • организирање на единици за одговор при катастрофи и упатување на меѓународни мисии;
  • едукација на неселението за самозаштита и заштита во случај на катастрофа;
  • соработка со државни органи и НВО во земјата и странство;
  • проценка на загрозеност на територијата на државата;
  • изготвува АПЕЛ за хуманитарна помош;
  • мониторинг на терен;
  • одржување на дата-базата за можни ризици и капацитети ;
  • организација на семинари, курсеви, тренинзи и вежби од областа на катастрофите на ниво на РМ;
  • изготвување на планови за дејствување во случај на катастрофи;
  • менаџирање со кампови;

ДОСЕГАШНИ АКТИВНОСТИ

  • регулатива за односите помеѓу Црвен крст на РМ и Општински организации на Црвен крст;
  • регулатива за односите помеѓу Националната единица за одговор при катастрофи и Општинските единици за одговор при катастрофи;
  • програма за привлекување и едукација на волонтери за програмата за подготвеност и дејствување при катастрофи;
  • тренинзи во земјата и странство за вработените и волонтерите;
  • изготвување на дата-база за потенцијални ризици во РМ и капацитети на ЦКРМ за одговор при катастрофи;
  • учество на вработени и волонтери во хуманитарни мисии во земјата и странство;
  • иницијатива за измена и дополнување на Законот на Црвен крст на РМ и други законски и подзаконски акти на други државни институции;
  • издавање на публикации од областа на катастрофите;
  • медиумска покриеност на активностите поврзани со програмата за катастрофи;
  • едукација на вработените во Единиците на локална самоуправа;
  • едукација на вработените и учениците во средните училишта во Скопје за самозаштита и заштита во случај на катастрофи;
  • формирање на Единици за одговор при катастрофи, нивно тренирање и опремување
  • со материјално-технички средства;
  • изработка на годишни планови за активности.

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ

  • подобрена комуникација и координација со државни институции и единици на локална самоуправа;
  • партиципација на Црвен крст на РМ во Главните Штабови на Центарот за управување со кризи, и Дирекцијата за заштита и спасување, а Секретарите на Општинските организации на Црвен крст во Регионалните Штабови на овие институции во Уредбите на Владата, добиени посебни задачи за Црвен крст на РМ;
  • едуцирани вработени и ученици во 28 средни училишта во Скопје за самозаштита и заштита во случај на катастрофи;
  • 8 волонтери и 5 вработени завршија обука за членови за Регионалниот тим за одговор при катастрофи за Централна Европа;
  • 12 волонтери завршија обука за инструктори за вода и санитација а 80 волонтери завршија обука за ракување со прочистителна станица за вода;
  • еден вработен заврши обука за тим лидер;
  • 2 волонтери се здобија со звање предавачи по проектот СФЕРА (минимум стандарди за одговор во случај на катастрофи) а 200 волонтери завршија обука за користење на прирачникот од овој проект;
  • извршено подмладување, доопремување со материјално-технички средства на Националната единица за одговор при катастрофи;
  • заеднички вежби на Националната единица за одговор при катастрофи и Општински единици на Црвен крст, со припадници на Армијата, Полицијата, против пожарни единици и здравствени установи;
  • издавање на прирачници, флаери (земјотрес, птичји грип, правила за капачи, планинска спасителна станица Водно, опасност од мини, заштита од високи температури и др), брошури, постери во кои се третира проблематиката во областа на катастрофите;
  • презентирање и надградба на дата-базата;
  • учество на вработени и волонтери на хуманитарни мисии во странство (Индонезија, Турција, Романија, Бугарија, Пакистан);
  • запознавање на јавноста со активностите на Црвен крст, преку јавни настапи во средствата за јавно информирање и вежбовни активности.
  • Имплементација на активности за проценка и намалување на ризици во образовниот систем во 3 региони и тоа: Струмица, Велес и Кичево.
  • Подобрување на системот за евакуација во случај на катстрофи во образовните институции во регионите Струмица, Велес и Кичево.
  • Изграден е систем за следење и ажурирање на податоци за ризици и ранливост на заедници. (Глобал мапер)

СТАНИЦА ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОДА

За време на косовската криза во 1999 година Германскиот Црвен крст во бегалскиот камп во Стенковец кај Скопје инсталираше станица за прочистување вода ТВА 6, која обезбедуваше вода за полската болница., а по завршувањето на кризиата се поклони на Црвен крст на Р.М

Со помош на Германски и Австриски Црвен крст во период од 2000 до 2009 година, 8 волонтери на ЦКРМ се здобија со звање меѓунароеден инструктор за вода и санитација., а 30 го озавршиа курсот за работа со истата.

Во изминатиот период члленовите на тимот за вода и санитација беа ангажирани во повеќе кризни ситуации во земјата и странство како:

Снабдување на болницата со вода во Куманово за време на конфликтот во 2001 година;- Снабдување на вода на Тетово и околните села за време конфликтот во 2001 година; – Снабдување на вода во градот Свети Николе летото 2006 година;, – Мисија во Индонезија после Цунамито во 2005 година во соработка со Австриски Црвен крст.,Мисија во Романија за време на поплавите во 2005 година

Направени се испитувања на квалитетот на водените ресурси после поплавите во РМ во реонот на Струмица, Гевгелија , Македонски Брод, Куманово, Шуто Оризари.

Станицата за прочистување на вода се користи речиси во сите катастофи што настануваат за потребите на ранливото население, а посебно за снабдување на вода на полските болници, кампови итн..

< врати се назад