февруари 19, 2014

Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби

ck_logo

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Заводот за социјални дејности петта година во континуитет имплементира заеднички иницијативи за подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби. Комерцијална банка АД Скопје е спонзор и наш партнер активно вклучен во имплементација на проектните активности наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби.

Задоволството на банката од реализацијата на проектните активности и довербата  кон Црвениот крст на РМ како сериозен партнер во имплементација на општествено корисни социјални програми се потврди со потпишување на новиот договор за спонзорство и поддршка на активностите и во  2014 година. Проектните активности ќе се реализираат преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст Прилеп, Кавадарци, Велес, Делчево, Кичево, Гостивар и Дебар.

Во рамките на проектот на 20 февруари 2014 година во Црвениот крст на РМ ќе се организира информативна работилница со претставници на Црвениот крст и центрите за социјална работа со цел да  се дадат насоки за заедничка имплементација на активностите.

< врати се назад