
2022-07-27
Посета на Aмбасадорката на државата Израел Н.Е. Симоне Франкел
На ден 27.07.2022 година во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија се одржа средба на Генералниот секретар д-р Саит Саити со Амбасадорката на државата Израел Н.Е. Симоне Франкел и почесниот конзул на државата Израел во Република Северна Македонија г-дин Градимир Шумковски. За време на средбата се разговараше за можните начини на заедничка соработка и поддршка во активностите, проектите и програмите на национално ниво. Презентираните активности ќе бидат пренесени до раководството на Давидовата ѕвезда на Израел и ќе се иницира формално воспоставување на билатерална соработка на двете национални друштва.