јануари 9, 2020

Посета на амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Денес, на 9ти Јануари 2020 година во посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија беше амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, г-дин Фатос Река. Цел на посетата беше да се заблагодари за севкупните напори на Црвениот крст на Република Северна Македонија во поглед на намалување на последиците по случувањето на катастрофалниот земјотрес во Албанија на ден 26.11.2019 година во градот Драч и неговата околина.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, г-дин Саит Саити, го информираше амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, г-дин Фатос Река за хуманитарната помош која беше собрана и испратена во Република Албанија.

Вооедно, амбасадорот беше информиран дека паричните средства во висина од 16.000.000 денари кои беа собрани од граѓаните, компаниите и други субјекти на Република Северна Македонија ќе бидат префрлени до крајот на наредната недела во Албански Црвен крст. Овие средства понатаму ќе се користат за помош и поддршка на семејствата настрадани во земјотресот во фаза на нивно опоравување и враќање во нормален живот.

Амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, г-дин Фатос Река, му врачи благодарница на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, г-дин Саит Саити за несебичното залагање и водење на операциите за собирање на хуманитарна помош како и благодарници за тимот на Црвениот крст на Република Северна Македонија кој во првите денови по случување на катастрофата беше во Република Албанија да ја достави првичната хуманитарна помош.

< врати се назад