февруари 28, 2018

Посета на делегација на Црвен крст на Република Македонија во Албанија

Во периодот од 21 до 23 февруари, делегација на Црвен крст на Република Македонија оствари посета на Албански Црвен крст во Тирана, Албанија. Делегацијата беше во состав: Проф.д-р. Ромел Велев – претседател, д-р Саит Саити – генерален секретар  и Сашо Талески – раководител на сектор за програми на Црвен крст на Република Македонија ја посети централната канцеларија на Албанскиот Црвен крст во Тирана каде беше примена од претседателот на Албанскиот Црвен крст Ули Аљуши и генералниот секретар Артур Катучи. За време на посетата стана збор за продлабочување на соработката на двете национални друштва на национално и локално ниво. Исто така беше договорена нацрт платформа за соработка во различни програмски  дејности на двете национални друштва која набргу ќе се потпише во Република Македонија.  Двете национални друштва имаат потпишано договор за билатерална соработка во 1998 година. За време на престојот исто така беше посетена и градската организација на Црвен крст на Тирана, при што беа презентирани клучните активности на националното друштво во главниот град на Република Албанија, со акцент на првата помош, крводарителството, младинските и социјално-хуманитарните активности. 

 

 

 

< врати се назад