Посета на делегација на Швајцарскиот Црвен крст
Како резултат на позитивните искуства од долгогодишната соработка на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Црвен крст, во периодот 12-19.05.2023 година се одржа состанок за спроведување на проценка и длабинска анализа на капацитетите на националното друштво и истражување на можности за продлабочување на соработката.
Четири члена делегација на Швајцарскиот Црвен крст имаше можност да се запознае подетално за стратешките определби на Црвениот крст на РСМ за идниот период, начинот на организирање на работата, нормативната рамка, финансиското и административно работење како и партнерските односи со релевантните институции во земјата.
За време на посетата се одржаа прием од Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити, состаноци со стручната служба на Црвен крст на РСМ, состаноци со секретарот и вработените лица во Црвен крст на град Скопје, теренски посети на активности од Црвениот крст на град Скопје и состанок со претставници на Министерството за труд и социјална политика, каде се споделуваа искуства и се дискутираа можни идни активности. По реализираната посета претставниците од Швајцарскиот Црвен крст ќе подготват извештај со препораки за подобрување на ефикасноста во работењето и унапредување на соработката помеѓу двете национални друштва.