јули 31, 2023

Посета на Хрватскиот Црвен крст во рамки на подготовките на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“

Во периодот 26-27.07.2023 година, Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити го посети Хрватскиот Црвен крст при што се оствари средба со Извршниот Претседател на Хрватскиот Црвен крст Роберт Маркт. Основниот повод за остварување на средбата беше споделување на искуства за организирање на национална вежба за подготвеност и дејствување при катастрофи на Хрватскиот Црвен крст со акцент на исполување на улогата на националното друштво на помошник на властите, како и координацијата со сите релевантни институции во подготвителната фаза. Споделени беа примери на активности, улоги на тимови, како и дигитални решенија за комуникација и следење на сите учесници во вежбата.

Хрватскиот Црвен крст ќе биде учесник на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“ на 18.10.2023 година во Скопје со тим за поддршка на активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, особено во делот на спасување на вода и транспорт на повредени лица од тешко пристапни делови преку река.

 

< врати се назад