„Превенција од трговија со луѓе“
Црвениот крст на Република Македонија како сериозен партнер на државата во реализација на превентивните активности за борба против трговија со луѓе обезбеди проектна поддршка од Владата на Република Македонија за надградба на капацитетите на националното друштво и подигање на свеста на младата популација за заштита од трговијата со луѓе.
Црвениот крст на РМ во рамките на Проектот: ,,Превенција од трговија со луѓе,, на 23 јануари 2015 година во Кочани, одржа инструктивна работилница со секретарите и координаторите на овој проект кој ќе се имплементира преку општинските организации на Црвен крст Кочани, Валандово и Делчево. Целта на работилницата беше да се претстават проектните содржини кои согласно планот за акција ќе се имплементираат заклучно со јуни 2015 година, како и беа презентирани позитивни практики од досегашни имплементирани превентивни активности.
За зајакнување на капацитетите на младите волонтери на Црвениот крст предвидени се две обуки за врсничка едукација и Форум театар, кои пак стекнатите знаења, преку превентивни лекции ќе ги пренест на нивни врсници во основни и средни училишта во Кочани, Валандово и Делчево со цел подигање на свеста на младите за заштита од трговијата со луѓе.