Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Признанија од „Сите сити“ за Црвениот крст

2019-03-20

Признанија од „Сите сити“ за Црвениот крст

На настанот кој се одржа на 19 март 2019 година во организација на Здружението „Ајде Македонија“, беа доделени признанија за Црвениот крст на РМ, Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Гостивар и Кочани и Виница за вклученоста и поддршката на активностите на мрежата „Сите сити“ за спасување на храна и донирање на социјално загрозени граѓани.

Во изминатата година Црвениот крст во десет града во Македонија учествуваше во спроведување на кампањата „Нахрани 10.000“, преку која се обезбеди храна за  да се помогне на неколку илјади граѓани во земјата. Членките на мрежата „Сите сити“ од април минатата година, па до сега, успеа да спаси 66.524 кг. храна или 221.746 порции.

Оваа година  Здружението „Ајде Македонија“ во партнерство со Црвениот крст на РМ ќе  предложат модел на национален систем кој ќе ги искористува пазарните вишоци со цел да обезбеди нутритивни оброци за поголеми и различни категории на ранливо население. Системското решение ќе биде поставено врз основа на потребните измени на законодавството, анализа на пазарот, потреби за транспорт, маркетинг поддршка, и сл. како и унапредување на веб- платформата на „Сите сити“ за менаџирање на донираната храна, која веќе функционира преку Црвениот крст на град Скопје и неколку граѓански организации.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025