Работилница за кеш и ваучер поддршка во рамки на Проектот ,,Зајкнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД 19 и идни катастрофи“
Од 8 до 12 ноември 2021 година во Белград, во организација на Црвен крст на Србија, одржана е работилница за кеш и ваучер поддршка во рамки на Регионалниот проект „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД 19 и идни катастрофи“, финансиран од Европската Унија и Австриската агенција за развој. Целта на работилницата беше да се стекнат знаења и вештини за примена на кеш и ваучер алатката за поддршка на ранливи целни групи на население. На работилницата учествуваа 24 претставници од Црвениот крст на Србија, координатори на регионалниот проект, Црвениот крст на Република Северна Македонија, Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Црвениот крст на Албанија и Црвениот крст на Црна Гора. Од страна на нашето национално друштво учество земаа претставници на стручната служба на Црвен крст на РСМ, Црвен крст на град Скопје и од општинската организација на Црвен крст Битола. Фасилитатори на работилницата беа претставници на Австрискиот Црвен крст.
Со проектот се предвидени активности во одделни четири тематски области и тоа да се обезбеди зачувување на менталното здравје и градење на отпорност преку обезбедување на услуги за психо -социјална поддршка на старите лица и лицата со попреченост, да се обезбеди помош со готовински трансфер; зајакнување на локалните заедници преку обезбедување на поддршка на мали грантови за микропроекти на локално ниво за импелемнтација на различни активности за социјално вклучување за стари лица и лица со попреченост и обезбедување препораки базирани на докази за влијание во политики за услугите за долгорочна нега за време на КОВИД 19.