Работна средба на службите за заштита и спасување на Р.Хрватска, Р.Словенија и Р.Македонија
На 7ми Септември 2017 година, Генералниот секретар на Црвен крст на РМ, учествуваше на еднодневната работна средба на службите за заштита и спасување на Р.Хрватска, Р.Словенија и Р.Македонија Средбата беше во организација на жупаниската организација на Црвен крст Крапина.
На оваа средба, меѓу другото, свое излагање имаше Генералниот секретар на Црвен крст на РМ, г-дин Саит Саити, кој даде свои видувања за системот за заштита и спасување во Република Македонија со посебен осврт на улогата и местото на Црвениот крст на РМ во системот за заштита и спасување во државата.
Во рамките на оваа средба беа водени разговори и во централната канцеларија на Црвениот крст во Хрватска и центарот за логистика на Црвениот крст во Хрватска.