мај 20, 2022
РАБОТНА СРЕДБА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ И КОРПОРАТИВНИОТ СЕКТОР
Иницијалниот консултативно – партиципативен процес од Трансформација 28 го завршивме со последната средба со претставници од стопанските комори и корпоративниот сектор. Препознавањето и поддршката од корпоративниот сектор ни е од особено значење во процесите на нашата трансформација и позиционирање во општеството а секако со цел задоволување на потребите на заедницата.
Следната фаза од процесот вклучува креирање на петгодишната развојна рамка која во себе ќе ги инкорпорира сите предлози, ставови и иницијативи од досегашните средби со нашите вработени, волонтери, членови, партнери и поддржувачи.