Работна средба со претставници од Австриски Црвен крст
На 06.10.2020, во просториите на Црвениот крст на РСМ се оддржа средба со претставници од Австриски Црвен крст, по повод имплементација на нова проектна соработка именувана како ,,Интегрирана грижа и бизнис развој на услугите за поддршка на Црвениот крст на РСМ,,.
Проектот е во времетрање од 3 години и финансиран од Австриската aгенција за развој и ко-финансиран од страна на Црвениот крст на РСМ и Австрискиот Црвен крст. Целта на овој проект е да се прошират услугите за стари лица и преку интегрираната грижа и услуги на постарата популација на граѓани ќе им се понуди соодветна заштита.
На средбата се дискутираше за начинот на имплементација на проектот, беа презентирани и проектни компоненти. Овој проект има исто така за цел да воспостави нов модел кој е составен од три начелни столба од кој понатаму се очекува генерирање на приходи за грижа и услуги за постарата популација. Здравствените и социјални услуги претставуваат едни од основните деловни активности на ЦКРСМ кои што ги нуди уште од самите почетоци на своето постоење. Традиционално, ЦКРСМ ги нуди овие услуги бесплатно на најранливите категории на граѓани, но за понатамошен организациски развој, ЦКРСМ предвидува и има за цел трансформација на некои од нив преку принципот на создавање на социјални претпријатија како инкорпориран дел од ЦКРСМ или пак како,, спин оф,,, односно субсидијарни независни понатамошни компании.