Работна средба со универзитетски професори за процесот „Трансформација 28“
На 10.05.2022 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа работна средба на Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити и универзитетски професори од научните области кои се од интерес на работење на нашата организација.
Средбата беше во насока на веќе отпочнатниот партиципативен и консултативен процес на дефинирање на трансформационите цели на процесот „Трансформација 28“. Имајќи ја предвид улогата на науката во следење на актуелните состојби и давање на предлози за унапредување на истите, Црвениот крст на РСМ ја изрази својата амбиција за спојување на науката со мисијата на организациајта со цел да се максимизираат резултатите од работењето.
Еден од главните заклучоци од средбата е креирање на платформа за заедничка соработка меѓу Црвениот крст на РСМ и високообразовните институции.