јуни 30, 2014

Реализирана работилница за укажување на прва помош при предозирање од употреба на опиоиди

Во рамки на проектот Одржување на ниска преваленца на ХИВ во Р.Македонија во просториите на Црвен крст на Р.Македонија беше реализирана работилница за укажување на прва помош при предозирање од употреба на опиоиди.

[responsive]Untitled-2[/responsive]

Учесници на работилницат беа претставници од центрите кои работат на проектот за Намалување на штети од употреба на дроги од Кичево,Велес и Прилеп, но и директни корисници на услугите како и претставници од локалната самоуправа. Главната цел на оваа работилница беше стекнување на знаења и вештини за укажување на прва помош кај лице кај кое настанало предозирање од опиоиди.

Учесниците имаа прилика да добијат информации во однос на употребата на антидотот кој се користи во овој случај т.е со Налоксонот, неговите особености начин на дејство, апликација, бенефитите од неговата употреба итн. како и да стекнат практични вештини и способности за укажување на прва помош во случај кога е потребно укажување на срцево белодробно оживување и поставување на повредениот во странична положба т.е положба на опоравување.

< врати се назад