Соработка со гранична полиција
Регионалниот Центар за Гранични Работи Север при Министерството за внатрешни работи во соработка со Црвениот крст на Република Македонија започна со реализација на активности во склоп на проектот на РЦ за ГР Север за превенција од опојни дроги во граничните предели. За потребите на истиот беа ангажирани двајца врснички едукатори од општинската организација на Црвен Крст Центар кои на ден 15.03.16 со почеток во 12:00 часот ја одржаа првата едукација на темата „Превенција од зависност од дрога“ во ОУ „Симче Настовски“ во село Вратница – Тетовско на учениците од шесто до деветто одделение. Едукацијата помина одлично во интеракција со учесниците и покрај двајцата едукатори во истата се вклучуваа и претставниците од одделението за превенција, со цел запознавање на учениците со видовите на дрога, препознавање на зависници и одбивање на понуда за консумирање на дрога.
Вкупно беа присутни 40 слушатели од кои 15 од машки пол и 25 од женски пол.
Ваквиот вид на едукации ке продолжат и понатаму според потребите на проектот.