јуни 23, 2022

Средба со ориентери на Црвен крст на РСМ

На 23.06.2022 во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа работна средба со ориентерите на националното друштво. На средбата присуствуваа 16 ориентери од Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје кои имаа можност да се запознаат со процесот на Трансформации-28, Новиот модел за членување во Црвениот крст и Моделот за волонтирање во нашата организација кои се дел од процесот на организациски промени кои ќе се спроведуваат во претстојниот период.

Исто така беа дискутирани активностите на ориентерите на Црвен крст во 2022 година и претстојните активности на ориентерите кои работат на презентирање на работата и активностите на нашата организација пред заинтересирани граѓани во локалните заедници со цел да се подигне свеста за значењето и улогата на Црвениот крст и вклучување на нови членови и волонтери на локално ниво во активностите на Црвениот крст наменети за излегување во пресрет на дел од потребите на приоритетните категории на население во локалните заедници.

Ориентерите даваат посебен придонес во наше подобро локално претставување пред заинтересирани публики со цел да стигнеме до повеќе наши сограѓани, да ги запознаеме со нашата работа и да ги поканиме да ни се придружат во хуманата мисија на Црвениот крст.

< врати се назад