Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

2013-06-25

СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Организациската поставеност на Црвениот крст на Република Северна Македонија е поставена на национално ниво, ниво на град Скопје, поделба на целата територија на 33 општински организации и ниво на основни организации. Работењето на организацијата се темели на јасно поставената поделба и улога на неговата раководна и управувачка структура. Раководната структура е претставена преку волонтерите и членството каде преку точно дефинирани механизми истите учествуваат во процесите на носење одлуки, политики, стратешки определби и решавање на прашања кои се од суштинско и функционално значење на организациониот облик. Од редот на членството се основаат собранија во сите организациони нивоа од чии редови се избираат Претседател , потпретседател и раководен одбор додека дополнително се избираат финансиска комисија и други советодавни тела на организациониот облик. Раководната структура има четири годишен мандат во кои се грижи организацијата да биде секогаш доследна на доверената улога од националните авторитети како и одржување на угледот во рамките на Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Управувачката структура е поставена преку вработените и професионално ангажираните лица во организацијата. Генералниот секретар на национално ниво односно секретарите на ниво на град Скопје и општинските организации, заедно со стручните соработници, се грижат за ефикасно и ефективно исполнување на донесените одлуки и создавање на услови за волонтерите да можат да ги испорачаат своите услуги и сервиси за целните групи. Во една тесно поврзана соработка волонтерите, членството и вработените ги претставуваат столбовите на организацијата врз кои се темели успешната приказна на Црвениот крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025