Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

2013-06-24

СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Црвениот крст на РСМ е организиран на:

  • Државно ниво
  • Општинско ниво
  • На ниво на Град Скопје
  • Основно ниво

Раководна структура на Црвениот крст на РСМ:

  • Собрание
  • Претседател
  • Потпретседател
  • Раководен одбор
  • Финансиска комисија

Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РСМ е Собранието на Црвениот крст на РСМ кое брои вкупно 58 члена.

Собранието е составено од:

  • Избрани членови предложени од општинските организации на Црвениот крст.
  • Избрани членови предложени од Младите на Црвениот крст.
  • Мандатот на членовите во Собранието е 4 (четири) години со можност за повторен избор.
  • Раководниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РСМ е орган на Собранието кој раководи со националното друштво помеѓу седниците на Собранието. Бројот на членовите на Раководниот одбор е 13.
  • Мандатот на членовите на Раководниот одбор трае 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
  • Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на РСМ, со мандат на членовите на Финансиската комисија од 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
  • Раководниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела.

Статутарни комисии се:

  • Комисија за организација, развој и човечки ресурси;
  • Комисија за статут и нормативни акти;
  • Комисија за спроведување на избори и верификација на изборен процес;
  • Комисија за посредување и усогласеност.

Постојани советодавни тела се:

  • Комисија за дисеминација и комуникација;
  • Комисија за здравствено-превентивна дејност и крводарителство;
  • Комисија за социјално-хуманитарна дејност;
  • Комисија за подготвеност и дејствување при катастрофи;
  • Комисија за прва помош;

За извршување на секојдневната оперативна работа функционира Стручна служба, која ги врши стручните , материјално-финансиските и административно-техничките работи.

Со Стручната служба раководи Генерален секретар.

Членовите на Црвениот крст на РСМ кои се млади лица дејствуваат и работат во клубовите на млади на Црвениот крст на РСМ.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025