Студиска посета од Црвен крст Грузија
Во рамки на проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, финансиран од Австриското Министерство за социјална работа, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австрискиот Црвен крст, во периодот од 20-23 март 2023, четири претставници од Црвен крст Грузија беа во посета на дел од сервисите на Црвен крст на град Скопје. Фокусот на посетата беа услугите наменети за стари лица, пред се во домашни услови, но и во дневни центри.
За време на посетата имаа можност да ги посетат Центарот за обуки, Нега Центар и локалните канцеларии во Карпош и Кисела Вода, Копче, Дневниот центар за стари лица, Центарот за дарување крв и Итно копче.
Успехот на нашата организација во развојот на сите овие услуги за стари лица беше значителен фактор овие претставници да го одберат токму нашето Национално друштво за споделување на позитивни практики кои понатаму сакаат да ги развијат во својата држава.