Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
СТУДИСКА ПОСЕТА ВО БЕЛГРАД, НОВИ  САД И ЗРЕЊАНИН

2018-05-15

СТУДИСКА ПОСЕТА ВО БЕЛГРАД, НОВИ САД И ЗРЕЊАНИН

Во периодот од 10-13 мај 2018 делегација на Црвениот крст на Македонија предводена од претседателот д-р. Ромел Велев и генералниот секретар д-р.Саит Саити  оствари работна посета на Црвениот крст на Србија. Делегацијата во чиј состав беа и дел од претставниците на Раководниот одбор на националното друштво ја посети централната канцеларија на Црвениот крст на Србија во Белград каде беше примена од генералниот секретар на Црвен крст на Србија г.ѓа Весна Миленовиќ. Во разговорите беа разменети искуства од работата на двете национални друштва.

Делегацијата исто така ја посети градската организација на Црвен крст Нови Сад  каде беше примена од секретарот г.дин Драган Лазич и Црвен крст Зрењанин примена од секретарот г-ѓа Александра Танасијевиќ. Тие ја претставија  работата на Црвениот крст на Нови Сад која е една од најдобрите организации во рамките на Црвениот крст на Србија. Посетата беше реализирана со цел да се продлабочи партнерската соработка и да се разменат добри практики и да се споделат искуства во однос на различните предизвици со кои се соочуваат двете национални друштва.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025