август 25, 2017
Традиционални крводарителски акции
Во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица, Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина на РМ организираат традиционални крводарителски акции и тоа:
- Манастир Успение на Пресвета Богородица – село Матка на ден 27.08.2017 година од 18:30 – 23:30 часот и на 28.08.2017 година од 08:30 – 14:30 часот.
- Манастир св. Јоаким Осоговски – Крива Паланка на ден 28.08.2017 година од 12:00 – 18:00 часот.
- Дом на АРМ – Скопје на ден 28.08.2017 година од 09:00 до 17:00 часот.
Ги очекуваме сите крводарители да ни се придружат, особено оние кои традиционално даруваат крв на овој ден.