Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈЛНА ПОЛИТИКА

2022-04-26

РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈЛНА ПОЛИТИКА

На 21.04.2022 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа работна средба на Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити и претставници од стручната служба, со претставници од Министерство за здравство и Министерство за труд и социјлна политика.

Целта на средбата беше најава на процесот „Трансформација 28“ и утврдување на областите од заеднички интерес а кои ќе бидат дел од процесот на трансформирање а се во насока на одговор на локалните потреби и можности согласно помошната улога на Црвениот крст на РСМ кон властите во државата и досегашните позитивни практики и соработки со државните институции.

По подготовката на нацрт документот за „Трансформација 28“ истиот ќе биде споделен со институциите и ќе има повторна консултација за одредените области, со цел развивање на конкретни, релевантни, координирани и квалитетни пристапи во трансформацијата.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025