Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ТРЕНИНГ ЗА СЛУЖБА БАРАЊЕ – ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИ ВРСКИ ЗА ТЕРЕНСКИ РАБОТНИЦИ

2022-10-17

ТРЕНИНГ ЗА СЛУЖБА БАРАЊЕ – ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИ ВРСКИ ЗА ТЕРЕНСКИ РАБОТНИЦИ

Во периодот  од 14 до 16 октомври 2022 година Црвениот крст на РСМ во Центарот за едукација Солферино во Струга реализираше тренинг за служба барање – воспоставување на семејни врски за теренски работници. Тренингот е во рамките на проектот Миграции, поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

На тренингот учество земаа волонтери и вработени од 19 Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје кои се стекнаа со основни знаења со работата на Службата за барање – ВСВ и услугите кои се нудат преку истата. Крајна цел и резултат на овој тренинг е  воспоставување на Служба за барање – ВСВ мрежа од  Служба за барање – ВСВ теренски работници во рамки на нашето Национално друштво.

Целите на обуката беа да се зајакнат знаењата и вештините на вработени и волонтери во ООЦК/ЦКГС за работењето и функционирањето на Службата за барање – ВСВ, капацитетите за работа на терен, нудење на ВСВ услугите и работа и контакт со корисници/баратели; и да се воспостави интерна ВСВ мрежа на Националното друштво со ВСВ работници на терен;

Преку овој тренинг учесниците се стекнаа со основни знаења за Меѓународното хуманитарно право, мандатот на Меѓународниот комитет на ЦК и мандатот на Црвениот крст и нашата улога доделана од држават преку реализирање активности на службата за барање – Воспоставување на семејни врски.   

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025