Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на меѓународен тренинг за Регионален тим за одговор при катастрофи (RDRT)

2019-12-13

Учество на меѓународен тренинг за Регионален тим за одговор при катастрофи (RDRT)

Во периодот од 02 – 10.12.2019 година, претставници на Црвен крст на Република Северна Македонија во Истанбул, Турција, учествуваа на меѓународен тренинг за Регионални тимови за одговор при катастрофи (RDRT) организиран од страна на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Турската Црвена полумесечина. На тренингот учествуваа 24 претставници на следните Национални Друштва: Црвен крст на Република Северна Македонија, Црвен крст на Ерменија, Црвен крст на Белорусија, Црвен крст на Бугарија, Црвен крст на Грузија, Црвен крст на Унгарија, Црвена полумесечина на Киргистан, Црвен крст на Црна Гора, Црвен крст на Русија, Црвена полумесечина на Таџикистан, Турска Црвена Полумесечина, Црвена полумесечина на Узбекистан и Црвена полумесечина на Казахстан.

Главна цел на тренингот беше да се подготви иден регионален стручен кадар како дел од Регионалниот тим за одговор при катастрофи (RDRT) за поддршка на Националните Друштва во спроведување на операции за одговор при катастрофи преку искористување на алатките и ресурсите потребни за проценка, планирање и поддршка. Оваа обука се заснова на претходните наставни програми за КАП Методологија/RDRT.

Сесиите и активностите тренингот се реализираа на интерактивен начин преку размена на искуства, работа во групи и како и теренски и канцелариски симулациски вежби. Темите/сесиите кои се разработуваа за време на тренингот се: Алатки и процеси на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во случај на катастрофи, Внатрешна и надворешна координација, Проценка на потреби, Технички области (вода и санитација, логистика, здравство итн.), Подготовка на План за акција за меѓународна хуманитарна помош, поточно ДРЕФ или Итен апел во случај на катастрофи како и подготовка и реализација на канцелариска и теренска симулациска вежба за проверка на знаењата.

По успешно завршување на тренингот, учесниците од Црвен крст на Република Северна Македонија се стекаа со сертификати за успешно завршен тренинг. Сите учесници по завршувањето на обуката се  внесени во меѓународната дата база на експерти кои во случај на катастрофи ќе го претставуваат Движењето на ЦК/ЦП и Националните Друштва во меѓународни операции.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025