Учество на претставник на Црвен крст на Р.Македонија на тренингот на тренери за здрави животни стилови во Истанбул, Турција во организација на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина
Четирите главни незаразни болести – кардиоваскуларни заболувања, ракот,хроничните респираторни заболувања и дијабетот се причина за 80% од смртните случаи во слабо и средно развиените земји во светски рамки. Бидејќи 50% од овие заболувања можат да се превентибилни и може да се спречи нивната појава, Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во соработка со Меѓународната Федерација на произведители и снабдувачи со фармацевтски производи (IFPMA) по неколку реализирани истражувања и здравствено едукативни иницијативи за идентификација на нови начини за да им се помогне на луѓето за да се изборат против овие незаразни болести развија алатки и материјали кои се наменети за оваа цел.
Истите би требало да влијаат на промена во однесувањето и усвојување на здрави животни навики кај населението, елиминирајќи ги притоа најчестите ризик факторите за нивна појава.
Како резултат на ова, во периодот од 29-ти април до 02-ри мај во Истанбул, Турција беше реализиран тренинг за тренери за здрави животни стилови во организација на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Главната цел на овој тренинг беше да се формира група на тренери за здрави животни стилови во Европската зона, кои ќе се оспособат за да ја имплементираат оваа програма за превенција на незаразни болести во рамки на своите национални друштва со цел намалување на нивната појава, користејќи ги токму овие алатките и материјали, но адаптирани на локалните потреби и локалниот контекст на земјата.