Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа

2023-06-13

Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа

Во периодот од 7-9 јуни  2023 година во Бугарија – Софија, во организација на Црвен крст Бугарија, се одржа финална конференција во рамките на проектот: Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа.

На конференцијата, партнерите ги демонстрираа постигнатите резултати од проектот X-Сток: подготвени анализи на системи за управување со стокови резерви при катастрофи, механизми за меѓународна помош и препораки за подобрувања, стандардни оперативни процедури за споделување, нудење и примање меѓународна хуманитарна помош од стоковите резервите за катастрофи во партнерските земји, како и онлајн платформа за споделување и брза прекугранична испорака на достапни материјали за хуманитарна помош.

Во рамките на конференцијата беше потпишан договор мегугранична помош и за продолжување на соработката и проширување на составот на партнерските организации кои учествуваат во механизмот X-Сток во наредните години.

На конференцијата Генералните секретари на националните друштва од регионот кои се партнери во проектот, се вклучија онлајн каде го изкажаа своето мислење за проектот, потпишаните договори за прекугранична соработка и поддршката што ке ја дадат во иднина за користење и развивање на Х-СТОК и соработката на планот   за одговор при катастрофи.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025