Здравствено превентивна дејност

ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО ПРЕДИЗВИК ВО СОВРЕМЕНИОТ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ

Здравствено превентивните активности што ги спроведува Црвениот крст на Република Северна Македонија се опсежни и опфаќаат различни целни групи и општата популација. Во нив влегуваат редовните програмски активности како што се крводарителството и првата помош како и одбележувањето на календарски денови и недели кои претставуваат глобално вклучување во борбата против одредени заболувања.

Активностите на националното друштво подразбираат и влијание врз националните и локалните јавно-здравствените политики и социјална мобилизација со цел да се намалат превентибилните болести, повреди, инвалидитет или загуба на животот

Црвениот крст на Република Северна Македонија ја спроведува здравствената програма преку:

  • идентификација на потребите на ранливите заедници на здравствен план,
  • развој на партиципативни здравствени програми, организирање на здравствена едукација,
  • издавање и дистрибуција на здравствено информативен и едукативен материјал,
  • сензибилизација на релевантните институции и зајакнување на локалните капацитети,
  • подигнување на здравствената свест и
  • намалување на стигмата и дискриминацијата кон ранливите групи.

Стратешка определба на здравствено превентивната дејност на националното друштво е мултидисциплинарниот пристап кон социоекономиските нееднаквости во поглед на реализирање на целокупниот здравствен потенцијал кај популацијата на Р. Северна Македонија.

ЗАЛОЖБА ДА СЕ СОЧУВА ЗДРАВЈЕТО ВО ЗАЕДНИЦАТА

Здравствено превентивната програма на Црвениот крст на Република Северна Македонија претставува една од темелните програмски дејности која континуирано се стреми кон унапредување на човечкото здравје, здравствена благосостојба и соодветна здравствената грижа како најзначаен предуслов за зачувување на човечкиот живот и човечкото достоинство.

Преку имплементацијата на здравствено превентивните активности насочени главно кон највулнерабилните групи на население Црвениот крст на Република Северна Македонија се стреми да го унапреди како индивидуалното, така и здравјето на заедницата, да придонесе кон подобрување на подготвеноста на земјата за брз и ефикасен одговор кон сите здравствени предизвици.

ОДРЖУВАЊЕ НА НИСКА ПРЕВАЛЕНЦА НА ХИВ ВО ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Како партнер на Министерството за здравство, Црвениот крст на Република Северна Македонија континуирано презема активности за одржување на ниската преваленца на ХИВ во Република Северна Македонија. Грижејќи се за најранливите групи на население како што се интравенските корисници на дроги во трите центри во Велес, Прилеп и Кичево преку воспоставените програми за намалување на штетните последици од користењето на дроги настојуваме да дадеме придонес во намалување на ризикот од ХИВ/ СИДА, хепатитис Б и Ц и други крвно и сексуално преносливи инфекции, предозирање и други здравствени последици и социјални штети, како и ресоцијализација и реинтеграција на корисниците на дрога во општеството.

ПРЕВЕНИРАЊЕ НА МОЖНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Топлотни бранови –Во соработка со Министерството за здравство и Светската здравствена организација – канцеларија Скопје, како и други владини и невладини институции на локално и национално ниво, Црвениот крст на Република Северна Македонија согласно акциониот план за топлотни бранови превзема активности насочени кон заштита на здравјето на населението од топлотните бранови и подигнување на јавната свест за можните последиците од истите.

Студени бранови – Согласно временските услови во текот на зимскиот период, земајќи ги при тоа во предвид и потребите на населението, Цревниот крст на Република Северна Македонија превзема најразлични активности во насока на заштита на здравјето на населението од последиците врз кои можат да се јават како резултат на изложеност на екстремно ниските надворешни температури ставјќи акцент при тоа на највулнерабилните групи на население како бездомници, социјално сиромашни семејства, стари лица, деца итн.

СО ПРЕВЕНЦИЈА ДО ЗАЧУВУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО

Црвениот крст редовно одбележува традиционални здравствено превентивни недели преку спроведување на манифестации, кампањи, едукативни предавања прилагодени за различни целни групи, печатење на информативни материјали: брошури, плакати, летоци, поштенски марки и соработка со различни владини и невладини институции.

Недела на борба против срцево-садовни заболувања ( 21-28 ) февруари

 Болестите на срцето и крвните садови претставуваат голема, хетерогена група на заболувања и водечка причина за смрт во Република Северна Македонија. Според податоците на Институтот за јавно здравје повеќе од 57 % од смртните случаи во Република Северна Македонија се последица на срцевосадови заболувања. Главна цел на одбележување на Неделата за борба против срцево-садовите заболувања е подигнување на свеста кај пошироката полулација за ризиците кои ги носат срцевосадовите заболувања, но и превенција од истите преку промоција на здрави животни навики.

Недела за борба против ракот ( 01 – 08 ) март

Едукативно – превентивните активности на Црвениот крст на Република Северна Македонија се насочени кон навременото и правилното информирање и мобилизирање на поединците и заедницата за редуцирање на ризикот од малигни заболувања, како и можностите за нивно рано откривање и соодветно лекување. За таа цел првата недела во месец март Црвениот крст на Р. Северна Македонија ја посветува на борбата против ракот.

Недела за борба туберкулоза (14 – 21)септември

Туберкулозата продолжуваат да биде предизвик и во 21 век, Црвениот крст на Република Северна Македонија активно учествува во зајакнувањето на локалните и национални капацитети, подигнувањето на свеста и едуцираноста на популацијата во Р. Северна Македонија за превенција, рано откривање и соодветен третман на ова заболувања. Во текот на третата недела во септември Црвениот крст ја одбележува неделата за борба против туберкулоза промовирајќи ги целогодишните заложби за превенција, навремено откривање и излекување на луѓето заболени од туберкулоза.

Недела за борба против ХИВ/ СИДА (01 – 07) декември

Започнувајќи со Светскиот ден за борба противХИВ/СИДА (1 декември) првата недела во месец декември Црвениот крст ја посветува на борбата и заложбите за превенција, навремен третман, подобар квалитет на живот и редуцирање на стигмата и дискриминацијата поврзани со ХИВ/СИДА.

Недела на борба против шеќерната болест – дијабет (10-16)октомври

Според податоците од СЗО, 346 милиони луѓе во светот умираат од дијабет. Повеќе од 80% од смртните случаи со дијабет се случуваат во земјите со низок и среден приход. Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 10-16  октомври редовно ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест која има за цел подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетот, колку е застапен во светот и  превенција од појава на шеќерна болест преку промовирање на здрави животни навики.

 

Недела на забоздравствена заштита (15-21) декември

Оралното здравје е клучен показател за целокупното здравје, благосостојба и квалитетот на животот. Студијата за глобално оптоварување на болести направена 2017 година процени дека оралните болести влијаат на 3,5 милијарди луѓе ширум светот, а нелекуваниот кариес на забите е меѓу најраспространетите незаразни болести. Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 15-21 декември ја одбележува Неделата на забозадравствена заштита чија што цел е подигнување на јавната свест за важноста на оралното здравје.

< врати се назад