Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Значење на службата за барање

2013-06-25

Значење на службата за барање

Правни основи на организацијата и дејтвувањето на службата за барање

Жртви на војните не се само повредените, заболените, гладните, лицата кои останале без своите домови, туку и воените заробеници, интернирците, исчезнатите, раздвоените семејства, бегалците и прогонетите. Неизвесноста за нивната судбина многу тешко се поднесува.

Меѓународното хуманитарно право го предвидува правото на семејствата да бидат информирани за судбината за своите најблиски. Женевските Конвенции од 12 Август 1949 година и Дополнителните протоколи од 10 јуни 1977 година, утврдени се обврските на земјите потписнички да формираат Биро за известување-Служба за барање.

Функција и обврски на службата за барање во црвениот крст на Република Македонија
Службата за барање е посебна служба во Црвениот крст на Република Македонија, чија функција е да ги извршува работите околу известување за жртви од вооружени конфликти и елементарни несреќи со цел лицата заштитени со Женевските Конвенции и Дополнителните протоколи да можат да ги остварат своите права кои се предвидени со тие прописи, така да лицата кои како резултата на војна или други случувања се раздвоени, можат што е можно побрзо да воспостават конткат.
За таа цел Службата за барање:
  • Собира и прима податоци и документи за лицата за кои е надлежна, ги евидентира, класифицира и ги обработува податоците;
  • Прима молби за барања или дава информации и превзема барања доколку самата не располага со бараните податоци;
  • Го известува барателот за поднесената молба за барање;
  • Прима и евидентира барања за потврди за време поминато во заробеништо или интернирство;
  • Посредува во размената на семејните пораки;
  • Посредува или организира спојување на членови на раздвоено семејство.
Начела на работата на службата за барање
Службата за барање е должна да ги прима сите бара кои се во нејзина надлежност на соодветни прописни обрасци и истите да ги евидентира и да го започне барањето.
Доколку барањето не е во надлежност на Службата за барање, истото се упатува во други надлежни институции. Ако применото барање ги нема потребните податоци кои се бараат на образецот, истиот се враќа до барателот заради дополнување.
Молбите за барање или одговорите на барањата се прават на соодветни обрасци за таа намена, како што и семејните пораки и нивната размена се прават на специјални за таа намена изготвени формулари.
Сите податоци доставени до Службата за барање се користат исклучиво за решавање на барањето. Тие се третираат како строго доверливи и се соопштуваат на друго лице само ако барателот или бараното лице се согласни за тоа.
Услугите на Службата за барање се бесплатни.

Категорија на лица на кои службата за барање ги дава своите услуги

За време на војна во државата или во врска со некој вооружен конликт во друга држава за:

  • Воени заробеници;
  • Цивилни интернирци;
  • Лица уапсени подолго од две недели;
  • Исчезнати лица и деца;
  • Деца до 14 години евакуирани во друга земја или одвоени од родителите;
  • Ранети, болни или умрени припадници на вооружени сили;
  • Размена на семејни пораки и
  • Спојување на раздвоени семејства.
Во мирнодопски услови или за време на елементарна катастрофа:
  • Жртви на елементарни или други несреќи;
  • Евакуирани лица, бегалци или слични категории кои во поголем број ги напуштиле своите домови и се сместени на друго место;
  • Лица кои се на привремена работа во странство, а го изгубиле контактот со своите семејства;
  • Иселеници од разни причини;
  • Сите други лица кои се наоѓаат во потреба да побараат помош во Службата за барање.
Организација на службата за барање

Внатрешната организација на Службата за барање во Црвениот крст на Република Македонија се состои од организациона мрежа која делува на сите нивоа на организирање.
Службата за барање во Црвениот крст на Република Македонија ја сочинуваат 34 општински и една градска организација на Црвен крст.

Принципи на работа во службата за барање
  • Интересот на поединците
  • Јавниот интерес
  • Рационалност и ефикасност
  • Прецизност
  • Одговорност

Обврските на Службата за барање значи се обврска на државата. Организирањето на Службата за барање, Владата на Република Македонија ги доверила на Црвениот крст.
Барањето на настраданите и исчезнатите, прибирањето на информации за нив и помошта при спојувањето на раздвоените семејства е длабоко хуманитарна активност на Службата за барање.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025