јуни 14, 2018
Одржана обука за ориентери
Во периодот 11-13.06.2018 година во х.Солферино во Струга, се одржа обука на 35 ориентери, претставници од општинските организации на Црвен крст. Ориентерите се лица кои најмалку двапати во неделата ќе одржуваат ориентерски сесии за сите заинтересирани потенцијални волонтери, членови или поддржувачи. Со воведување на позицијата ориентер се очекува значително подобрување на бројот и квалитетот на човечките ресурси како и поголема ефикасност во активностите кон целните групи.