Работна средба со Амбасадорот на Израел за Република Македонија
На 19 септември 2016 година во просториите на Црвениот крст на Република Македонија во посета беше амбасадорот на Израел Дан Ориан, амбасадор на Државата Израел во Република Македонија. Високиот гостин беше примен од страна на претседателот на Црвен крст д-р Милчо Трајков и генералниот секретар д-р Саит Саити. За време на средбата беше презентирана накратко работата на Црвениот крст на Република Македонија и беа дискутирани можности за воспоставување на соработка со Маген Давид Адом на Израел како и имплементација на заеднички активности, посебно помеѓу младите луѓе во насока на унапредување на мирот и толеранцијата и хуманите вредности кај младите. Амбасадорот Дан Ориан посебна благодарност истакна за реализираната соработка со Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Битола при реализацијата на проектот за обновување на Еврејските гробишта во Битола.