Светски ден по прва помош
Светскиот ден на првата помош се одбележува ширум светот секоја година во втората сабота во месец септември. На овој ден повеќе од 100 Национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ целиот свет органиизраат настани и активности со цел подигнување на јавната свест за пружање на прва помош и спасување на животи во секојдневни и кризни ситуации, како и промовирање и застапување на заложбите за поседување на знаење и вештини за укажување на првата помош кај пошироката јавност. Првата помош не секогаш е укажана од медицински лица, бидејќи во секојдневните несреќи и вонредни ситуации обичните луѓе често се принудени да укажат прва помош за да спасат нечиј живот. Вештините за укажување на прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен чин кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнувањето предизвикани од ненадејни повреди или болест.