ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА ВО ИТНИ СОСТОЈБИ
Во периодот од 26-ти до 30-ти декември 2021 година во центарот за едукација Солферино, Струга се одржува тренинг за тренери на темата ‘‘Здравствена грижа во итни состојби,, финансиран од УСАИД и подржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Регионална канцеларија за Европа.
На тренингот вкупно учествуваат 18 претставници на општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. Целта на тренингот е да се зајакнат знаењата и вештините за здравје во итни состојби, здравје и прва помош заснована на заедницата, меѓуагенциска координација и обезбедување техничка експертиза и поддршка за подготовка на здравствен одговор при итни состојби на ООЦК/ЦКГС базиран на меѓународни стандарди. Учесниците на тренингот имаа можност да изработат Итен план за акција за здравствена грижа, и идентификување на потребни ресурси за спроведување на планот за акција за делување во итни состојби.