Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи

2021-04-02

Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи

Проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ е тригодишна иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст. Започна кон крајот на 2020 година, тој ги поврзува партнерите од националните друштва на Црвениот крст и здруженија на граѓани од Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Косово  и мрежите на здруженијата на граѓани во државите кои ги претставуваат постарите лица и лицата со попреченост. Црвениот крст на РСМ и здружението Хуманост се заеднички партнери во имплементација на проектните активности во Северна Македонија.

Целта на проектот е постарите лица, лицата со попреченост, националните друштва на Црвен  крст и здруженијата на граѓани подобро да се справат со ситуацијата КОВИД-19 во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

Со проектот се предвидени активности во одделни четири тематски области и тоа да се обезбеди зачувување на менталното здравје и градење на отпорност преку обезбедување на услуги за психо -социјална поддршка на старите лица и лицата со попреченост, да се обезбеди помош со готовински трансфер; зајакнување на локалните заедници преку обезбедување на поддршка на мали грантови за микропроекти на локално ниво за импелемнтација на различни активности за социјално вклучување за стари лица и лица со попреченост и обезбедување препораки базирани на докази за влијание во политики за услугите за долгорочна нега за време на КОВИД 19.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025