Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
26-ти Државен натпревар по прва помош

2017-09-19

26-ти Државен натпревар по прва помош

На 16.09.2017 година Црвениот крст на Република Македонија го организираше 26-ти Државен натпревар по прва помош со мотото ˮ Несреќите во домовите.

Натпреварот се одржа на територијата на Општина Гази Баба на повеќе локации во населба Автокоманда. На натпреварот зедоа учество  22 екипи на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација: Куманово, Битола , Гази Баба, Пробиштип, Чаир, Кочани, Кичево, Гостивар, Велес, Охрид, Кисела Вода, Крушево, Струга, Неготино, Карпош, Радовиш, Валандово, Виница, Прилеп, Крива Паланка, Берово, Центар. 

На свеченото отворање пред присутните се обратија претседателот на претседателот на Црвен крст на Република Македонија д-р Ромел Велев и градоначалникот на општина Гази баба г-дин Тони Трајковски кој воедно и го прогласи 26-от Државен натпревар по прва помош за отворен.  

Првото место на натпреварот го освои екипата по прва помош на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Кисела Вода, второто место го освои екипата по прва помош на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Чаир, третото место и припадна на екипата по прва помош на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Кочани. На базата за дисиминација најдобри беа екипата на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово која покажа најдобро познавање за движењето, визијата и мисијата на Црвениот крст.

На свеченото затворање на Државниот натпревар по прва помош, најпрво се обрати претседателот на Организациониот одбор на Државниот натпревар по прва помош Др. Бурак Шабани која го соопшти редоследот на пласман на екипите по прва помош, а потоа пехарите и медалите за  најуспешните три екипи ги подели претседателот на Општинската организација на Гази Баба д-р Петар Христов а генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија д-р Саит Саити подели плакети за успешна соработка со корпоративниот сектор.

    

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025