October 30, 2013
Osteoporosis and how to protect ourselves from the consequences
Во рамките на здравствено превентивните активности на Црвен крст Битола на 22-10 во 18.00 часот, во просториите на Организацијата се одржа едукативно предавање – трибина на тема „Остеопорозата и како да се заштитиме од последиците“. Предавач на трибината беше д-р Марија Арсовска Налбанти – специјалист по интерна медицина. Трибината беше од отворен тип и сите граѓани кои беа заинтересирани можеа да присуствуваат на истата и да се консултираат со лекарот за своето здравје.