Annual week for fight against diabetes
Црвен крст на град Скопје и оваа година се вклучи во обележувањето на Неделата на борба против шекерна болест со свои активности. По техничките подготовки – набавка на апарати и ленти за шеќер, дистрибуција на постери, брошури и флаери, информирање по медиуми, следуваа мерењата на шеќер во крвта во Дневните центри за стари лица во Центар и Чаир, Амбулантата за бегалци на Црвен крст на град Скопје во Шуто Оризари. Поставен е и пункт за мерење на шеќер во Центарот за поддршка на млади – Црвен крст на град Скопје проследен со здравствено советување од страна на доктор и мерење на крвен притисок. Неделата е одбележена и во Пунктот за бездомници и во домашна посета кај стари лица на територија Бутел, Чаир, Карпош и Ѓорче Петров. На 16 октомври во соработка со Филип Втори во Дневните центри за стари лица во ДХО Даре Џамбаз и Чаир се одржа и предавање на тема: Борба против шеќерната болест од страна на Др. Зафировска. Вкупно во текот на целата недела беа опфатени 216 лица.