Разбудете се хумани 5
И оваа година по петти пат на иницијатива на Црвениот крст на град Скопје и Студио Модерна ДООЕЛ Скопје, Црвениот крст на РМ ја поддржува хуманитарната акција ,,Разбудете се хумани,, и ја проширува преку сите општински организации на Црвениот крст во земјата.
Целта на оваа хуманитарна акција е поттикнување на хуманоста и подобрување на животните услови на ранлива категорија на лица преку собирање на користени душеци како и постелнина (кебиња, јоргани, перници и сл.) и нивно донирање во институции кои се грижат за нив (болници, институции за згрижување на повеќе целни групи и казнено поправни домови)
Оваа година акцијата е посветена и на децата кои учат во Училиштето за деца и млади со оштетен вид Димирар Влахов. Граѓаните кои ќе купуваат Дормео производи ќе имаат можност да донираат за купување на брајови машини за пишување кои ги користат овие дечиња.
Хуманитарната акција трае од 28 октомври до 28 ноември 2013 година и сите заинтересирани грѓани можат да се јават на телефоснкиот број 02/3094 -555 или да ја посетат веб страната www.dormeo.com.mk