Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
14 јуни, Светскиот ден на крводарителството

2023-06-14

14 јуни, Светскиот ден на крводарителството

Светскиот ден на крводарителството секоја година се одбележува низ светот на 14 јуни. На овој ден во 1868 година е роден Карл Ландштајнер, истакнат лекар, биолог и биохемичар, кој ги пронајде крвните групи и резус-факторот на крвните групи и во негова чест се одбележува овој ден.

Светскиот ден на крводарителството годинава се одбележува под мотото “Донирајте крв, донирајте плазма, споделете живот, споделувајте често.”  Целта е да се подигне свеста за обезбедување на поддршка за пациентите на кои им е потребна доживотна поддршка од крв како и улогата на секој поединец кој го дава највредниот подарок –  крв или крвна плазма.

 

Крводарителството во Република Северна Македонија се темели на принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност. Само ваквите принципи обезбедуваат посигурна крв и крвни продукти. Со самото дарување крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност. Не постои похуман и поблагороден чин од доброволното дарување на крв и спасување на човечки живот.

Почитувани крводарители,

Вашата хуманост и подготвеност да дарувате крв спасува многу животи и го прават побезбедно нашето општествено опкружување. Вие сте пример на луѓе кои целиот свој живот ја негувате и промовирате солидарноста преку споделување на дел од себе за подобро здравје и среќа на други луѓе на кои им е потребна поддршка.  Горди сме што крводарителите се препознатливо обележје на Црвениот крст. Се радуваме што крводарителите ги споделуваат нашите вредности и принципи. Искрена благодарност за сите ваши хумани дела, за секое ваше крводарување, за секоја капка крв која буди надеж, обезбедува помош – раѓа нов живот.

Ви посакуваме добро здравје продолжете да донирате крв, плазма, споделете живот, споделувајте често.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025