Спасителна станица Водно
Спасителна станица на Водно , сопственост на Црвениот крст на град Скопје, прва и единствена во Македонија, функционира три години. Години кои значат многу за безбедноста на бројните посетители на планината Водно. Посебно, со изградбата на милениумскиот крст и асфалтирањето на патот до врвот на планината, бројот на излетниците и туристите е видно зголемен, а зголемен е ризикот од разни повреди и потребата од нивно згрижување.
Меѓутоа, волонтерите на Црвениот крст на Скопје, поточно тимот за спасување на планина, кои се оспособени за стручно, брзо и ефикасно укажување на помош во изминатиот период беа гаранција за безбедноста на посетителите на планината Водно. Тие викендите и празниците обезбедуваа дежурство во Спасителната станица и резултатите се очигледни. Во текот на 2007 год.имаа околу 150 интервенции. На лесно повредените прва помош им беше укажана на самото место, а потешко повредените, по укажаната прва помош, со возило на Црвен крст ги транспортираа до најблиската здравствена установа.
Покрај интервенициите од прва помош, дежурните планинари им помагаа на излетниците за нивна ориентација, организираа потрага по исчезнати лица, преку нагледни вежби ги едуцираа излетниците, ги маркираа патеките и сл.
За подобро информирање на граѓаните, Црвениот крст на град Скопје изработи флаер со информативна содржина за работата на Спасителната станица и контакт телефонот од истата .
Контакт телефон: 072/269-876
Работно време за викенди и државни празници од 10:00 до 17:00 часот.