Социјално – хуманитарни програми

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на социјално-хуманитарните програми  контининуирано се ангажира и прави напори за заштита на достоинството и подобрување на животот на ранливото население во заедниците.

Обезбедување на соодветни и квалитетни социјални услуги на корисниците, зајакнување на материјалните капацитети, како и надградба на човечките ресурси, претставуваат развојни цели  на  социјално – хуманитарните програми. Посебен акцент во програмите се става на поттикнување на социјалната инклузија на ранливи целни групи на население, како и намалување на ранливоста на населението соочено со одредени социјални ризици.

За имплементација  на социјално – хуманитарните активности,  Црвениот крст на РСМ остварува соработка со владините институции, граѓанскиот сектор, како и со бизнис секторот во Р.С. Македонија. Активностите на локално ниво Црвениот крст ги спроведува вклучувајќи ги ранливите целни групи во заедниците, со цел да се овозможи партиципативен пристап во носење на одлуки кои директно влијаат во подобрување на квалитетот на нивниот живот.

Социјално – хуманитарни програми:

  • Обезбедување на хуманитарна помош за ранливо население (обезбедување на донации за помош во храна, средства за хигиена, облека и друг вид на неопходна помош)
  • Поддршка и помош на лица бездомници (пункт за бедомници во Скопје, Струмица, Битола)
  • Програми за активно и здраво стареење (дневни центри за стари лица и центри за давање на помош во домашни услови; клубови за стари лица, активности за градење на отпорност на старите лица за справување со одредени предизвици; развој на сервиси за испорака на услуги за помош и нега на стари и изнемоштени лица и др.)
  • Подобрување на социјализација на деца и млади со попреченост (деца и млади со попреченост во дневните центри, и деца во згрижувачки семејства)
  • Борба против трговија со луѓе (врсничка едукација за подигање на свеста на младата популација за превенција и заштита од трговија со луѓе)
  • Едукативни програми – верификувани од Центарот за образование на возрасни за стекнување на проефесионални вештини за:
  • лична асистенција на лица со попреченост
  • негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
  • палијативен/а негувател/ка на изнемоштени лица
  • асистент за нега на лица со алцхајмерова болест
  • Сервиси за испорака на социјални услуги наменети за нега и помош на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост.
  • Традиционални програмски активности:

 Неделата на солидарност  – цел: подигање на свеста на населението за   потребната помош и поддршка на ранливото населението.

Недела за борба против гладта – цел: подигање на општото мислење на јавноста за проблемот на сиромаштијата, како и свеста на населението за потребната помош и грижа на населението.

Меѓународен ден на старите лица / Недела на грижа за старите лица  – цел:  подигање на јавната свест  за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување на грижа и помош на старите лица.

Европски ден за борба против трговија со луѓе – цел: подигање на свеста на младата популација за превенција и заштита од трговија со луѓе.

< врати се назад