Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
158 години од формирањето на МКЦК

2021-02-17

158 години од формирањето на МКЦК

Денес се навршуваат 158 години од формирањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. МКЦК е најстарата активна хуманитарна организација во светот, која дејствува насекаде, а посебно во оние држави кои имаат потреба од помош за време на војна или воен конфликт. Меѓународниот комитет се формираше на 17 февруари 1863 година. Негови основачи се филантропот Анри Динан, правникот Густав Моание, лекарите Луи Апиа и Теодор Моноар и генералот Гијом-Анри Дифур. Тогашниот Црвен крст се формираше како меѓународна организација за укажување помош на ранетите на глобално ниво. Денес, МКЦК претставува неутрална и непристрасна хуманитарна институција, промотер на меѓународното хуманитарно право и чувар на Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 и 2005.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025