Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе

2019-10-17

18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе

Црвениот крст на Република Северна Македонија како член на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со организирање на превентивни активности се вклучува во одбележување на 18 октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе. По повод 18 октомври, ќе  се организираат  работилници за врсничка едукација на млади во основни и средни училишта кои ќе се спроведат преку  Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Гази Баба, Велес, Битола, Прилеп, Охрид, Неготино, Свети Николе, Кавадарци, Радовиш, Струмица, Гостивар, Тетово, Струга, Демир Хисар, Ресен, Кочани, Куманово, Штип и Гевгелија.

Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на  начините преку кои младите  можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита. Преку  вкупно 28 едукативни работилници и јавни настани, ќе се опфатат над 700 ученици од основни и средни училишта, волонтери и вработени на Црвениот крст, како и пошироката јавност.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024