RFL RIC состанок
„Домот на солидарноста“ во Сутоморе, Црна Гора, беше домаќин на регионалната средба на претставниците на Службата за барање во периодот од 25-28 ноември, 2024 година. Истата беше поддржана од страна на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст (МКЦК), во соработка со Црвениот крст на Црна Гора.
Учество земаа претставници на Националните друштва на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција и Косово, како и фасилитатори од Меѓународниот Комитет на Црвениот крст и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Регионалната средба имаше за цел запознавање на учесниците со продолжувањето на Стратегијата за Службата за Барање/Воспоставување на семејни врски за уште 5 години, поточно до 2030 год. Покрај ова, беше дискутирана и потребата од измена на месечните извештаи и начинот на регистрирање на настаните поврзани со Службата за Барање. Акцент беше ставен и на подготвеноста на Службата во случај на несреќи и катастрофи.
Ова беше одлична можност за размена на искуства на сите присутни, идентификување на потребата од зајакната меѓусебна соработка, како и договарање на заеднички проекти.