Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
8 мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

2018-05-04

8 мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, но и во текот на целата 2018 година, ќе ја прославиме силатата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “секаде за секого”. Оваа година имаме за цел да ги прошириме знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нашата работа и универзалноста во нашиот пристап.

Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – насмевката . За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи.

Централниот настан ќе се одбележува на 8 мај 2018 (вторник) во градскиот плоштад во Скопје со почеток во 11:00 часот. Ве очекуваме.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025