Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Промоција на платформа за соработка со Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

2025-03-12

Промоција на платформа за соработка со Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Во рамки на одбележување на 80-годишнината од основнањето на Црвениот крст, на 12 март 2025 година на Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се организираше настан за промоција на платформата за соработка на ЦКРСМ со универзитетската заедница. На настанот, Генералниот секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити додели јубилејна плакета на Ректорот на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова во знак на благодарност за севкупниот придонес за развојот и поддршката за работата на нашето национално друштво. За време на настанот се реализираше и панел дискусија  на актуелни општествени теми од академската фела со Црвениот крст за давање на придонес во влијанија за градење на политики од општествен интерес.

На панел дискусијата учесници беа проф. д-р Биљана Ангелова – Ректорот на УКИМ,  Александар Николовски – Претседател на УСС УКИМ, проф. д-р Владимир Илиевски – Филозофски факултет и Секретар на ЦКГС – Сузана Т. Пауновска. Панелот го модерираа проф. д-р. Никола Дујовски и проф. д-р Фадби Османи.

Платформа за соработка на Црвениот крст со универзитетската заедница нуди можност за студентите и наставниот кадар да земат учество во хуманитарни активности преку истражувачки и научни трдови и развивање заеднички програми и преокти во рамки на социјални-хуманитарните, здравствено-превентивните и подготвеност при катастрофи.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025